„Монструм“: Радникот негираше дека вршел притисок врз Азири

од Vladimir Zorba

Љупчо Тодоровски-Радникот во своето сведочење за случајот „Монструм“, во периодот кога тој бил директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) даде појаснување како бил информиран за настанот и кои понатамошни дејствија биле превземени.

На прашања поставени дали тој лично или преку некое друго лице на било кој начин извршил притисок врз обвинетиот Хаки Азири, за да ја даде првичната изјава со која се теретат обвинетите Африм и Агим Исмаиловиќ, и Алил Демири, која изјава подоцна обвинетиот Хаки ја смени и тврдеше дека била дадена под притисок токму од сведокот, категорично негираше такво нешто.

Тој појасни дека согласно неговата функција во тој период тој и немал допирна точка со постапките за загрозени сведоци.

Радникот додаде и дека делото било карактеризирано како тероризам и го работеле УБК, која со тоа време раководеше Сашо Мијалков.

Судењето продолжува во петок, кога треба да сведочат обвинителот Џелал Бајрами, Али Ахмети и Бујар Османи.

И.Р.

Слични содржини