Мора да се погледне: Тарантино го избра ФИЛМОТ НА ДЕЦЕНИЈАТА! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во морето на феноменалните филмови на Тарантино, сè уште е тешко да се избере најдобриот, но овој пат тој реши да предложи некој друг и својот омилен.

Во неодамнешното интервју за француските медиуми, Квентин Тарантино откри кој е, според него, најдобриот филм во изминатата деценија.

Тој вели дека „Социјалната мрежа“ на Дејвид Финчер е филм што вреди да се гледа, кој ја сруши секоја конкуренција и кој е дефинитивно неговиот омилен филм.

„Без сомнение. Број еден затоа што е најдобар, тоа е сè. Ја уништува конкуренцијата!“, изјави тој.

Режисерот додаде дека сценаристот Арон Соркин е најдобриот писател на дијалогот, а тој го постави филмот „Данкрик“ на позицијата бр.2 во изминатата деценија.

Доколку не сте го погледнале Социјална мрежа, еве го трејлерот:

Слични содржини