Морков и уште неколку продукти кои се добри за видот

од desk4

Отсекогаш нè учеле дека за да можеме добро да гледаме, треба во исхраната да ни бидат застапени морковите. Но, постојат и други намирници кои го подобруваат здравјето на очите.

Многу од намирниците кои се најдоа на оваа листа помагаат при заштитата на општото здравје, а спречуваат и губиток на видот, сувост на очите и проблеми со ноќниот вид.

Еве за кои се работи:

Зелен листест зеленчук

Тука спаѓаат спанаќот, блитвата, штавељот, кељот, кои се богати со лутеин и зексантин, кои ги штитат очите од можните оштетувања.

Сладок компир

Интензивната портокалова боја покажува на тоа дека содржи бета-каротен, кој го има и во морковот. Збогатете ја исхраната со оваа одлична здрава намирница.

Масна риба

Сардините, лососот и туната се богати со омега 3 масни киселини, кои се здрави за целото тело, вклучително и очите. Тие спречуваат макуларна дегенерација и синдром на сувост на окото.

Брокули

Брокулата има позитивно дејство врз кардиоваскуларниот систем, а содржи слични хранливи состојки како и листестиот зеленчук.

Мешунки

Сите намирници, од гравот, преку боранијата, до леќата, ни дозволуваат да ги внесеме потребните количини цинк и витамин А, кои го заштитуваат очното ткиво.

Слични содржини