Московската итна служба: „Пожарот во трговскиот центар предизвикан од краток спој“

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарот во трговскиот центар МЕГА Химки, во кој загина едно лице и се прошири на 18.000 квадратни метри во московскиот регион, е предизвикан од краток спој, изјави вработен во итната служба.

„Пожарот во продавницата ОБИ е предизвикан од краток спој. Експлозија предизвика ширење на пожарот“, изјави работникот за ТАСС.

Агенцијата наведува дека по пожарот се слушнале детонации, а дека експлозиите најверојатно биле предизвикани од запалени конзерви со бои и лакови.

Слични содржини