Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна на „Рузвелтова“

од Берта Китинска

На 18.07.2022 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со приколка, управувано од Љ.С.(42) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од К.Р.(63) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Слични содржини