Можеби сте го прележале коронавирусот, но не сте знаеле: Осум симптоми кои укажуваат на тоа

од Nikola Popovski

Ако сте имале некој од овие симптоми, можеби веќе сте го прележале овој злобен вирус, но не сте знаеле.

Експертите велат дека некои луѓе можеби имале коронавирус пред официјално да започне епидемијата. Ако имате благи форми на овие симптоми, веројатно самите успешно сте успеале да се справите со коронавирусот.

Истражувањето спроведено во Оксфорд покажало дека има осум јасни знаци кои укажуваат на тоа:

Инфекција на очите

Новите истражувања покажаа дека инфекција на очите како што е конјунктивитисот може да биде симптом на Ковид-19.

„Признаено е дека секоја инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира во вирусен конјунктивитис како секундарна компликација, што исто така е случај и во Ковид-19“, велат научниците.

Сепак, додаваат дека е малку веројатно дека заразеното лице би имал конјунктивитис како единствен симптом, но, најверојатно, ќе пријави дека има и треска, сува кашлица и др.

Сува кашлица

Еден од најчестите и препознатливи симптоми на коронавирус е сува кашлица.

Психички замор

Иако не е официјално признаено како симптом на коронавирус, некои заразени пациенти го пријавиле како симптом.

Температура

Покрај сувата кашлица, ова е исто така најчестата индикација за коронавирус.

Тешкотии при дишењето

Чувство на притисок на градите и неможноста да земете длабок здив исто така се јавуваат како симптоми.

Губење на чувство за мирис и вкус

Неодамна, британското здружение за оторинголаринглогија предупреди дека губењето на чувството за мирис и вкус може да биде симптом на Ковид-19.

Проблеми со стомакот

Се покажало дека од 204 заразени кои учествувале во студијата, 48,5 проценти пријавиле дијареја како симптом.

Физички умор

Друг симптом на Ковид-19, кој исто така се јавува покрај настинката, вируси и грипот, е чувството на умор и исцрпеност.

Здравиот и организмот со силен имунитет е во состојба да се самоизбира со поблага форма на овој вирус, дури и да не забележи дека го имате. Сепак, сè уште е неопходно да се продолжи со придржувањето кон сите мерки на заштита и самоизолација.

Слични содржини