140367

Од Медиа Принт Македонија денеска на вработените им соопштиле дека донесена е одлука за откази на 20 луѓе во компанијата. Станува збор за новинари и технички лица од весниците Утрински, Дневник, Вест, Теа Модерна. Со одлуката МПМ соопштиле дека бројот на вработени лица се намалува од деловни причини, бидејќи компанијата е во криза. Во некои од медиумите е намален бројот на вработени, а во дел се укинати и рубрики. Отпуштените ќе добијат испратнина во износ од една до пет плати. Дел од вработените кои се на списокот за отпуштање велат дека ќе ја обжалат одлуката.

Слични содржини