Му заканувал на сведок откако ограбил бензиска пумпа

од Nikola Popovski

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „попречување на правдата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 34 годишно лице од струшкото село Радолишта.

Од полицијата информираат дека тој минатиот месец на вработен во бензиска пумпа во близина на струшкото село Теферич му упатил сериозни закани за неговиот живот. Му барал пари по што украл поголема количина цигари и избегал.

Сето тоа го видел 22-годишен жител на Радолишта. Крадецот се обидел да влијае врз него барајќи да даде лажен исказ за стореното разбојништво, а потоа и физички го нападнал.

Слични содржини