Муцунски: Бугарија ја користи попустливоста која ја имаме во надворешната политика

од Vladimir Zorba

„Ме загрижува тоа што со бугарската страна се разговара само за идентитетски прашања, тоа е само уште еден доказ за аматеризмот кој што го имаме на секој степен на владеење од надворешната политика, економијата, образованието, гледаме и со пописот, на аматерски начин се тераат процесите во државата, без постигнување консензус со главните опозициски фактори, а од друга страна се преговара со страна која е многу кометна во своите преговарачки позиции, затоа што има униформен став во бугарското општество“, изјави во вечерашниот „Дневник“ на „Сител“ пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски

Тој посочи дека Бугарија ја користи попустливоста која ја имаме во надворешната политика, кој принцип на непостоење на кохезија за националните прашања и суштествен национален интерес што се должи на огромниот недостаток на волја од страна на власта и аматерскиот начин на водење на власт од страна на СДСМ.

Слични содржини