МВР со кривична за директорот на Музејот на албанската азбука во Битола

од Nikola Popovski

МВР информира дека му е поднесена кривична пријава на директорот на Музејот на албанската азбука во Битола. Според објавеното, СВР Битола до битолското јавно обвинителство, поднело кривична пријава против А.Н(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по Кривичниот законик.

Според надлежните, пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари.

Слични содржини