МЗ: Славењето во затворен простор  може да го зголеми бројот на заболени

од Берта Китинска

Од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Кампањата е започната од страна на министерството за здравство и Владата на Република Македонија

„Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Covid-19.

Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со Covid-19, токму поради славењето во затворен простор во големи броеви.

На сите треба да ни е јасно дека во престојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.

Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:

– Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи

– Се забранува групирање на јавен простор  на повеќе од 4 лица.

– Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.

– Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.

Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека – здравјето не. #ПразнувајОдговорно“, информира МЗ.

 

Слични содржини