„Најлошо интервју на Оскари досега“: Хју Грант ги разбесни фановите со своите изјави (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот актер Хју Грант ги „запали“ социјалните мрежи поради интервјуто што го даде на црвениот тепих пред почетокот на Оскарите, во кое рече дека тоа е „најголемата групна терапија на светот“.

Во тоа интервју, на прашањето што најмногу му се допаѓа на Оскарите, тој рече дека е фасцинантно што целото човештво е таму.

„Тоа е саем за суети“, рече Грант и додаде дека не навива за никого конкретно, пренесува „Танјуг“.

Поради начинот на кој одговараше на новинарските прашања, односно затоа што зборуваше кратко, стана тема на Твитер, каде многумина коментираа дека е „арогантен“ и „непријатен“.

„Беше толку груб кон Ешли Грејем на црвениот тепих, превртувајќи ги очите. Можеби требаше да остане дома ако е премногу добар за својата избрана индустрија“, напиша еден корисник на Твитер.

„Не мора да си толку кретен, Хју Грант. Мислам, навистина не мора“, напиша друг корисник, додека трет напиша:

„Хју, ако не сакаш да бидеш таму, оди си дома. Најлошото интервју на Оскари досега“, вели друг.

Претставниците на Грант не одговорија веднаш на барањето на медиумите за коментар.

Грант беше на Оскарите за да се претстави покрај неговата колешка од „Четири свадби и погреб“, Енди Мекдауел, а нивната презентација за најдобар продукциски дизајн започна со подеднакво непријатен почеток.

„Ние сме всушност тука да направиме две работи. Првата е да се подигне свеста за виталната важност на користење добар хидратантен крем. Енди го користи во последните 29 години. Јас никогаш не сум го користел во животот“, рече Грант.

Слични содржини