Најмалку 12 новинари нападнати за време на упадот во главните државни институции во Бразил

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 12 новинари биле нападнати кога приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро упаднале во зградите на главните државни институции во Бразил, објави Унијата на професионални новинари, со седиште во бразилската престолнина.

Во изминатите две години, 77 случаи на насилство врз новинари се забележани во Бразил, а во последните две децении, според Репортери без граници, во светот биле убиени 1.668 медиумски работници.

Податоците на Репортери без граници за убиствата на машки и женски новинари беа собрани од 2003 до 2022 година и се засноваат на годишните прегледи на организацијата. Бројките покажуваат дека во просек годишно биле убиени повеќе од 80 новинари.

Годишниот биланс на загинати го достигна својот врв во 2012 и 2013 година со 144 убиени, најмногу како резултат на војната во Сирија.

По 2013 година, организацијата бележи намалување на бројот на повредени медиумски работници. Помал скок се случи минатата година, кога животот го загубија 58 новинари, што е најмногу во последните четири години.

Слични содржини