Најмалку шест лица загинаа во судар на два авиона во Далас

од Stefanija Kuzmanovska

Во судар на два авиона на аеромитинг во американскиот град Далас загинаа шест лица, соопштија официјални лица.

Летечка тврдина Боинг Б-17 и Бел П-63 Кингкобра се судрија околу 13:10 часот по локално време во саботата пред да се урнат на земја, соопшти Федералната управа за авијација.

Федералната управа за авијација соопшти дека ќе започне истрага за несреќата, која се случи за време на тридневниот собир посветен на сеќавањето на ветераните и жртвите од Втората светска војна.

Слични содржини