Lamborghini Huracan Performante се запали на една бензинска станица во САД, додека неговиот сопственик плаќал за наполнетото гориво.
На минувачите кои забележале дека возилото одненадеж пламнало може да им изгледало дека дошло до самозапалување, што не би било чудно, затоа што веќе имаше такви случаи со Ламборгини, но овојпат виновен е друг. Имено, тој што полнел гориво во друго возило до Ламборгинито, заборавил да го извади цревото кое се откорнало и со бензин го полило Ламборгинито во задниот дел. Таму е моторот кој веќе бил загреан, па возилото се запали. Пожарникарите не успеаја да го спасат, но за среќа никој не е повреден.
Инаку, две Ламборгини возила биле на банзинската во тоа време како учесници во трката “Goldrush”, која стартуваѓе во Бостон на 22 јуни, а целта е Лас Вегас.