На „Блаце“ уапсен 60-годишен Албанец баран од Интерпол

од Milan1

Вчера во 20.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце”, полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(60) од Република Албанија, затоа што по извршените проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси”, по барање на Интерпол-Франција.

Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Слични содржини