На насловна на списанието Elle Brazil: Трансродов модел како Венера од ремек-делото на Ботичели 

од desk4

Списанието Elle Brazil за насловната страница на декемвриското издание избра трансродов модел кој е фотографиран во полуголо светло, објави Дејли мејл.

Објавувањето доаѓа со пет насловни корици, на кои се прикажани бразилските ѕвезди и репродукции на класични уметнички дела.

36-годишниот модел, Леа Ти, е прикажан како Венера од сликата на Ботичели. Меѓу другите корици се актерките Соња Брага и Таис Араујо, актерите Лазаро Рамос и Хозе Мартинез, како и композиторот Катеану Биелозу.

Леа Ти е родена е во 1981 година. Од 2010 година работи како модел, соработувајќи со брендови како што е Givenchy, за списанијата Vogue, Hercules, Interview и други.

Во 2012 година, таа направи операција за промена на сексот, а четири години подоцна таа стана првиот откриен трансродов модел, кој учествуваше на церемонијата на отворање на Олимписките игри.

Видете ги кориците на Elle Brazil во нашата галерија.

Слични содржини