На овие знаци им претстои љубовен бродолом, еве како да го избегнете истиот

од Stefanija Kuzmanovska

Затемнувањето на Месечината во Бик, кое се случи на 8 ноември, не воведува во период на експлозии на страсти и чувства, но и на ненадејни раскинувања, деловни и љубовни врски, кој ќе трае до 16 ноември, кога Венера ќе влезе во знакот Стрелец, период на предизвици.

Во текот на овие денови ќе треба да го „исчистиме“ нашиот праг, да го ослободиме од се што не нè радува. Иако сè што нè гуши треба да се отстрани од нашите животи, понекогаш промените не се лесни, а тоа особено ќе го почувствуваат Овните, Биковите и Јарците.

ОВЕН

Зафатените Овни имаат проблем со партнерот кој е како темпирана бомба која може да експлодира во секој момент. Тензиите во врската или бракот го достигнаа „работ на раскинувањето“ и доколку едната страна не се смири или и двајцата смирено не се обидете да ги решите проблемите, ѕвездите велат дека разделбата е неизбежна.

Дури и слободните Овни не се без проблеми. Вест за бившиот партнер може да ве направи љубоморни и да ве врати со брзина на светлината во минатото, од кое со голема тешкотија избегавте.

РАК

Понекогаш љубовта може да боли и може да се соочите со тоа во наредните денови. Во овој период ве очекува ред драма, ред кавги, отстапки. И што е најлошото што може да се случи? Раскинување, дури и за парови кои се колнат во цврстата основа на нивната врска (брак).

Слободните Ракови „местат“ ситуација со личност која е во брак и сака „мала пауза“ од истиот. Не паѓајте во тие стапици.

ЈАРЕЦ

Во овој период на слободните Јарци ќе им се оствари се што е спротивно на нивните планови. Љубовните планови нема да можете да ги остварите и она што е интересно е што очекувавте нешто такво.

Зафатените претставници на овој знак се обидуваат да решат некои стари недоразбирања и да вратат се како што било, но тоа не оди според планот. Совет е да останете смирени, присебни, да се водите од ставот „трпение спасение“ и да почекате тензиите малку да стивнат.

Слични содржини