На подрачјето на Тетово 7 лица возеле повеќе од 70 километри на час над дозволеното

од Milan1

Вчера, во периодот од 16.00 до 21.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. При контролата биле откриени и санкционирани 83 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-51 и ГВ-32), од кои 7 (ТЕ) за повеќе од 70 километри на час над дозволеното, а 22 (ТЕ-20 и ГВ-2) за 50 до 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Покрај тоа, санкционирани се и 39 пречекорувања во населено место (ТЕ-17 и ГВ-22). При контролата, исто така, со соодветни поднесоци санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4), информираат од МВР.

Слични содржини