На принцезата Кејт Мидлтон ѝ се залепија палачинките

од Radmila Tasevska

За време на посетата на домот за стари лица, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, како дел од прославата на денот пред чиста Среда, кој во Британија се нарекува „Ден на палачинките“. Кејт во таа прилика се обидела да им направи палачинки на пензионерите, но баш и не се прославила.

Принцезата печеше палачинки со кујнскиот персонал од старечкиот дом и притоа одлично се забавуваше и ги насмеваше сите присутни.

Меѓутоа, нејзините палачинки се залепиле на дното на тавата, а на крајот, не била ни многу вешта во свртувањето на палачинката во воздух.

Таа открила дека и дома во кралското семејство имаат традиција на овој ден да печат палачинки и дека таа традиција ќе ја продолжи истата вечер, со синовите Џорџ и Луис, ќерката Шарлот и сопругот, принцот Вилијам.

„Или палачинките ми се заглавуваат на подот или на таванот, но децата се многу добри и вечерва ќе правиме палачинки со децата“, рекла Кејт и признала дека не ја бидува многу за печење палачинки.

Слични содржини