На сите организирани настани: Редарски служби ќе бараат потврда за вакцина

од Берта Китинска

Мерките кои ги воведе Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 важат за сите организирани настани, семинари, конференциии, посета на угостителски објекти и на затворено за што постојат протоколи и на отворено за што ги задолживме да направат редарски служби. Нема одлука за институциите, рече министерот за здравство Венко Филипче.

На кој начин ќе се контролира и спроведува работата ба редарските служби кои ќе прават проверка на гостите дали имаат вакцинален сертификат се уште е непознато.

Министерот Бектеши вчера се сретна со дел од угостителите во Тетово. Вели дека нивните реакции за новите мерки се позитивни и очекува сите да ги почитуваат новите протоколи.

– Не зборуваме само за угостителски објкети кои организират само свадби и веселби, туку зборуваме и за ноќни барови, и за кафулиња кои организираат настани. Сите треба да ги почитуваат протоколите затоа што никогаш не може да се знае каде ќе има ново жариште, изјави Бектеши по средбата. Затоа, додаде, убеден сум дека преку вакви заеднички состаноци ќе придонесеме на поттикнување на вакцинација на нашите граѓани затоа што од 16 август ќе можат да одат во угостителски објекти само граѓани кои ќе бидат вакцинирани и на тој начин сакаме да се вратиме во нормала, рече Крешник Бектеши.

 

Слични содржини