На Трамп не му се допадна прашањето, па ја напушти прес-конференцијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја напушти вчерашната прес-конференција.

Ова се случи откако еден новинар го праша за неговата лажна изјава за здравствената заштита на ветераните, што тој ја повторил повеќе од 150 пати.

Трамп на конференцијата повтори дека е тој што ја одобри здравствената програма за ветерани.

„Тие се обидоа да го „протуркаат“ со децении и децении и децении. Ниту еден претседател не успеа да го среди тоа. Освен мене“, рече Трамп.

Меѓутоа, вистината е дека програмата „Veterans Choice“ ја „протурка“ поранешниот претседател Барак Обама, кој легално ја одобри во 2014 година, пишува Си-Ен-Ен.

„Зошто постојано велите дека вие ја одобривте програмата за избор на ветерани?“ го прашал дописникот на CBS News, Пола Рид.

Трамп се обиде да го игнорира нејзиното прашање и да одговори на прашањето на друг новинар, но Рид беше упорна.

„Рековте дека го одобривте „Veterans Choice“. Тој беше одобрен во 2014 година … Вие дадовте лажна изјава “, продолжи новинарот.

Трамп тогаш застана, а потоа одговори: „Во ред. Ви благодарам многу на сите“, и потоа ја напушти конференцијата.

Слични содржини