Бројот на активни ковид-случаи стигна до 8.006, откако вчера беа регистрирани нови 677 заразени. Министерството за здравство вчера соопшти дека покрај позитивни пациенти, регистрирани се и 517 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255.

Во однос на аплицирањето вакцини на целата популација, вакцинирани се 39 отсто, а две дози вакцина примиле 37 отсто од популацијата. Трета доза вакцина примиле над 43 300 граѓани.

Слични содржини