Над 9000 граѓани починаа од корона од почетокот на пандемијата

од Nikola Popovski

Бројката на починати од коронавирус од почетокот на пандемијата надмина 9000, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство. Само во последните 24 часа, регистрирани се нови 7 смртни случаи.

Црниот биланс покажа 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај сите биле регистрирани коморбидитети.

Вкупниот број на смртни случаи изнесува 9.001.

Слични содржини