Надал ќе ги пропушти на турнирите во Пекинг и Шангај

од Vlatko K

Актуелниот најдобар тенисер во светот Рафаел Надал соопшти дека поради повредата на коленото нема да учествува на турнирите во Пекинг и Шангај.

Надал се повреди во полуфиналето на Ју-Ес опен и му го предаде натпреварот на аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.

– По прегледите во Барселона, одлучивме дека е најдобро да не учествувам на турнирите во Кина, соопшти Надал.

Шпанскиот тенисер требаше да ја брани титулата во Пекинг, а во финалето на мастерсот во Шангај беше поразен од Роже Федерер.

Слични содржини