Најголем број патници во историјата: Откажани или одложени 3.000 летови ширум Америка

од Stefanija Kuzmanovska

Аеродромите во САД се во хаос поради рекордниот број патници во пресрет на националниот празник Денот на независноста, а илјадници летови беа одложени или откажани во еден ден.

Администрацијата за транспортна безбедност на САД објави дека во неделата на американските аеродроми е забележан најголем број патници во историјата, јавува Би-Би-Си.

Според американската компанија FlightAver, само во понеделникот биле откажани или одложени над 3.000 летови.

United Airlines (UA) беше принуден да одложи повеќе од 300 летови во понеделникот, а во текот на изминатата недела UA откажа или презакажа повеќе од 5.000 летови.

Шефот на UA, Скот Кирби, рече дека оваа недела била „една од најпредизвикувачките во неговата кариера“, им се извини на патниците и вети компензација.

Секретарот за транспорт Пит Бутиџиг во неделата рече дека патувањето низ САД е „толку хаотично“ поради лошите временски услови, кои, според него, „наметнале огромно оптоварување на системот“.

Невреме беснее на истокот на САД, додека на југот и западот на земјата има пеколни температури, јавува Би-Би-Си.

Батгиг за Си-Би-Ес изјави дека американската Федерална управа за авијација ќе вработи 1.500 нови контролори на летање оваа година и уште 1.800 следната година, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини