НАЈГОЛЕМАТА РУСКА БАНКА со нето добивка од 8 милијарди долари во првите шест месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Нето добивката на руската Сбербанк за првите шест месеци од тековната година изнесува 727,8 милијарди рубљи (8,01 милијарди долари), се наведува во извештајот за финансиските резултати на банката. Истовремено, Сбербанк во јуни остварила нето приход од 138,8 милијарди рубљи, се наведува во соопштението.

„Јуни беше силен крај на семестарот. Ја надминавме границата од 80 милиони корисници на онлајн услугите на банката месечно, како и 107 милиони активни клиенти. Отплатата на кредитите на домаќинствата за еден месец е највисока досега, а депозитите на населението се зголемени за 3,7 отсто“, објави Сбербанк, пренесува Комерсант.

Банката додава дека склучила продажба на европскиот бизнис, што позитивно се одразило на финансискиот резултат. Во јуни беше склучен договор за продажба на 100 отсто од акциите на Sberbank Europe AG – Einlegerentschädigung, подружница на Sberbank во Австрија, а вредноста на таа трансакција не беше јавно објавена.

Кредитното портфолио за малопродажба порасна за 2,6 отсто во јуни, односно за 12,4 отсто од почетокот на годината, надминувајќи 13.500 милијарди рубљи (околу 149 милијарди долари). Рекордни 720 милијарди рубљи заеми се издадени на приватни клиенти, а износот на средствата на правните лица е зголемен за 4,4 отсто. Од почетокот на годината, износот на средствата на физичките лица во Сбербанк е зголемен за 8,4 отсто, а на правните лица за 8,2 отсто.

Во јуни Руската централна банка продолжи да објавува финансиски извештаи на кредитните институции. Извештаите се достапни со одредени исклучоци кои се однесуваат на хартии од вредност, детали за заеми и депозитни сметки, вклучувајќи анализа на резидентни и нерезидентни сметки.

Слични содржини