Најголемиот колумбиски дилер на дрога екстрадиран во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Најголемиот колумбиски дилер на дрога Даиро Антонио Усуга-Отониел е екстрадиран во САД, објави синоќа колумбискиот претседател Иван Дјук.

„Сакам да објавам дека Дарио Антонио Усуга, попознат како Отониел, е екстрадиран“, објави синоќа колумбискиот претседател на Твитер.

Најбараниот колумбиски дилер на дрога беше уапсен во воена операција на 23 октомври во северозападниот дел на земјата.

Дарио Антонио Усуга (50) е на чело на Клан дел Голфо.

Нарко картелот се смета за најмоќен во Колумбија, иако Отониел беше уапсен во октомври 2021 година по десетгодишна потрага.

По него во САД е распишана потерница под обвинение за трговија со дрога и се очекува да биде екстрадиран до американските власти.

Слични содржини