Најголемиот здравствен мит во историјата е разбиен

од desk2

Дури ни 12 јајца неделно не го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести кај луѓето во фаза пред дијабетес или кај оние кои веќе страдаат од дијабетес тип 2, покажала неодамнешна студија.

Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј конечно го разбија митот за консумирањето на јајца и нивното влијание на нашето здравје. Имено, тимот кој учествуваше во истражувањето спроведе експеримент кој покажа дека 12 јајца неделно не ја зголемува можноста за кардиоваскуларни болести кај луѓето кои имаат предиспозиција да добијат дијабетес или кај оние кои веќе имаат дијабетес тип 2.

“И покрај советите кои можете да ги прочитате во многуте изданија за диетите, нашата студија покажа дека не мора да се воздржувате од јајца и дека тие ја прават диетата здрава”, рече д-р Фулер, автор на студијата и додава дека предрасудите секогаш започнуваат од тоа дека жолчката има премногу холестерол и влијае на високиот крвен притисок и шеќер.

Студијата покажала дека кај пациентите кои страдаат од дијабетес тип 2 ниту едно од овие состојби не било предизвикано од оваа бројка на консумирани јајца, поради што теоријата паѓа во вода.

“Јајцата се извор на протеини и микронутриенти кои го поддржуваат нашето здравје, нашиот вид, срце, крвен притисок и бременост”, вели тој.

Слични содржини