Најмалку 20 луѓе загинаа во поплавите во Виетнам

од Vladimir Zorba

Тропската бура Сон Тин, која во четвртокот го погоди северниот дел на Виетнам, усмрти 20 луѓе, сооопштија денеска виетнамските власти. Уште 16 лица се водат како исчезнати, а 14 се повредени од надојдената вода. Повеќе од 5.000 домови се ошптетени, урнати или потопени.

Според виетнамските служби за спасување надојдената вода уништила 80.000 хектари посеви, а угинале и 17.000 домашни животни.

Поплавите предизвикани од обилниот дожд ги зафатија приморските области на Виетнам, како и главниот град Ханој.

Метеоролозите предупредуваат на обилни дождови и во следните неколку денови.

Слични содржини