„Најнемилосниот комунистички диктатор“: Се бара преименување на улиците именувани по Јосип Броз Тито во Италија

од Stefanija Kuzmanovska

Во неколку градови во Италија има улици именувани по Јосип Броз Тито, поранешниот претседател на СФРЈ, но неодамна беше покрената иницијатива за нивно преименување.

Според италијанскиот портал „Џорнале“, несфатливо е улиците ширум Италија сè уште да бидат именувани по „најнемилосниот комунистички диктатор“.

„Како би реагирале ако италијанска улица е именувана по Адолф Хитлер или Јозеф Менгеле?“, прашува авторот на статијата, додавајќи дека улиците во Италија сè уште носат име на злосторник.

Во текстот се наведува дека партизаните на Тито убивале и мачеле Италијанци и извршиле невидени злосторства.

Порталот додава дека најчесто биле одбивани барањата за преименување на улиците именувани по Тито, и дека натписите кои го слават големиот комунистички диктатор сè уште се таму, „исмејувајќи ги Италија и Италијанците“.

Станува збор за улиците во Парма, Нуоро, Реџо Емилија…

Слични содржини