Има вработени кои си прибираат по некоја спојувалка или по некое пенкало од канцеларијата за дома. Други пак се гледаат да го искористат службениот печатач или копир за лични цели, на трети пак хоби им е да шират озборувања низ фирмата.cf021249a87a5c81773c7ff92520945c

Сите овие се канцелариски престапи, за кои речиси никој вработен не би признал, а повеќето ги прават.

Видете кои се најчестите канцелариски гревови на вработените, освен овој дека си прибираат по некој канцелариски материјал за дома:

Прибираат мали канцелариски објекти дома

Повеќето вработени имаат тенденција на ситни кражби од канцеларија, најмногу затоа што навистина имаат потреба од нив дома. На крајот на краиштата, повеќето современи луѓе кои работат во големи корпорации, би морале да работат понекогаш и од дома. Тоа значи дека нема ништо лошо во тоа да си присвојат некој и друг канцелариски ресурс кој може да им биде од корист за работата.

Користат канцелариска техника за лични цели

Многу луѓе немаат скенер или принтер дома и им се наметнува од време на време да ги користат оние во канцеларија за лични цели. Тоа не е кој знае каков грев, иако води до прекумерно трошење на хартија и мастило.

Го валкаат тоалетот и кујнскиот дел

Некои вработени се “премногу зафатени” или “брзаат многу”, за да се занимаваат со тоа да чистат по себе во тоалетот или во кујната. Тие мократ, разлеваат кафе, го валкаатмијалникот и т.н., со идејата дека човекот по нив ќе среди и стискаат палци, никој да не ги забележи.

Доаѓаат на работа болни и со кашлање

Обично во сезоната на грип е полно со болни вработени во канцеларија, кои се оправдуваат со алергиска настинка или кашлица. Никој не сака да си земе боледување, бидејќи тоа често е поврзано со намалување на приходот со расправии и одење по лекари, со заостанување со обврските и др.

Сурфаат на интернет / користат мејл за лични разговори

Повеќето вработени се забораваат токму на овој начин. Шефовите исто. Лошото е дека интернетот има премногу содржини и човек понекогаш се заборава доста. Но, никој тоа никогаш не го признава, навистина. Сепак, доста од вработените се загрижени дека тоа не треба да  го прават и гледаат да се кријат додека сурфаат на интернет за време на работа.

Си ги присвојуваат пофалбите за работата на некој друг

Ова е комплицирана тема. Задкулисието во службата е честа појава. Многу често непродуктивните вработени се обидуваат да си создаваат имиџ на многу работливи, токму со крадење на туѓите добри идеи и претставување како свои.

Шират озборувања

Се разбира, а зборуваме за канцелариски престапу, нема начин да ги пропуштиме гласините за отпуштања, унапредувањата, романси меѓу колеги и т. н. Никој вработен не би признал дека е оговарачи, а има многу такви кои обожаваат да шират отровни информации, кои ја трујат атмосферата во канцеларијата.

Слични содржини