Наместо во самоизолација, шетал низ Охрид и предизвикал тепачка

од Nikola Popovski

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишен охриѓанец поради непостапување по здравствени прописи за време на епидемија. Како што информира полицијата, тој наместо да седи дома во самоизолација, бидејќи му било доставено решение, тој се движел низ градот.

„Тој, на 8 јули, непридржувајќи се до решението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со одредена мерка домашна самоизолација, самоиницијативно го напуштил својот дом во Охрид и на булеварот „Туристичка“ предизвикал нарушување на јавниот ред и мир, со физички напад врз сограѓанин“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Слични содржини