НАПАД НА 3 ГРЧКИ МЕДИУМИ во Атина

од Nikola Popovski

Утрово рачно направена експлозивна направа беше фрлена кон зграда во Атина, каде се наоѓа седиштето на три грчки весници.

Станува збор за канистри со гас кои експлодираале пред влезот, пренесува агенцијата АНА.

Во оваа зграда има редакција на весниците „Демократија“, „Еспресо“ и „Естија“ во населбата Панграти.

Експлозијата предизвикала штета на влезот во зградата. Полицијата го истражува инцидентот.

Слични содржини