Напад во ноќен клуб: Четири лица застрелани, едно прободено во Марбела

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица се ранети од огнено оружје, додека едно лице е избодено со нож во ноќен клуб во Марбела на југот на Шпанија, соопшти денеска полицијата.

Две лица ранети од огнено оружје се во критична состојба, додаде полицијата, а станува збор за Ирци, пренесе АП.

Човекот кој пукал бил избоден и приведен од полицијата. Тој е во тешка состојба со повреди на градниот кош и главата, додаваат локалните власти.

Полицијата не соопшти што го предизвикало насилството, кое се случи синоќа околу полноќ во Марбела, популарна туристичка дестинација во шпанската област Коста дел Сол.

Слични содржини