НАПАДНАТA ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА: Бомбаш самоубиец сериозно повредил 15 војници

од Stefanija Kuzmanovska

Патрола на германски војници, членови на мисијата на ООН, беше нападната во западноафриканската држава Мали.

Командата за мировни мисии на Бундесверот потврди дека биле нападнати германски војници.

„Билд“ тврди дека во нападот биле повредени 15 германски војници, од кои тројца се здобиле со тешки повреди.

Бундесверот испрати авион до Мали за да ги евакуира повредените војници.

Нападот се случил на околу 155 километри западно од Гао, каде е стациониран германскиот контингент на сините шлемови во кампот Кастор.

Според „Билд“, нападот го извршил бомбаш-самоубиец, кој активирал автомобил-бомба во непосредна близина на војниците.

Бундесверот издаде забрана за објавување информации за нападот, затоа што засега не се информирани членовите на семејството на повредените.

Најавено е дека министерот за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, ќе и се обрати на нацијата за тој настан.

Мисијата на ООН „Минусма“ во Мали има мандат да ја стабилизира состојбата во земјата.

Инаку, Минусма преку Твитер објави дека во нападот се повредени 15 војници, без да ги наведе националностите на повредените.

„Минусма остро го осудува овој напад и посакува повредените брзо и целосно да се опорават“, беше наведено на Твитер.

Слични содржини