Нашол лична карта во паричник и си подигнувал пари од банка

од Nikola Popovski

Млад скопјанец доби кривична пријава откако нашол паричник и со личната карта која била внатре, подигнал пари од банка.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Пријавениот, во мај 2022 година пронашол паричник и со личната карта на оштетеното лице на шалтер од банка успеал да подигне 15.600 денари од трансакционата сметка. По преземени мерки и активности, тој бил идентификуван .

Слични содржини