Наскоро испитување на „Спутник V“ врз деца и бремени жени

од Stefanija Kuzmanovska

Александар Гинзбург, директор на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, изјави дека Центарот планира да достави пакет документи за тестирање на вакцината „Спутник V“ на деца и бремени жени до Министерството за здравство за еден до еден и пол месец.

Гинзбург за „Спутник“ прецизира дека испитувањата врз деца и бремени жени ќе започнат само кога Министерството ќе ги одобри документите.

Зборувајќи за лекот против ковид, директорот рече дека Центарот „Гамалеја“ го тестира лекот базиран на антитела врз експериментални животни.

„Да, се разбира, во моментов на експериментални животни. Потоа мајмуните ќе бидат обавезни“, одговори Гинзбург на прашањето дали лекот веќе се тестира на животни.

Гинзбург посочи дека Центарот планира да започне со тестирање на лекот врз основа на антитела на луѓе на есен.

„Се надевам дека првата фаза врз луѓето ќе започне на есен, а можеби и малку порано“, рече тој.

Во ноември, Гинзбург објави дека Центарот „Гамалеја“ развива лек базиран на антитела за третман на ковид 19. Тој тогаш изрази надеж дека лекот ќе биде регистриран за околу една година.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот. Вакцината се заснова на проучена и тестирана платформа на хумани аденовирусни вектори, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.

Слични содржини