Натали Портман се разведува по гласините дека нејзиниот сопруг ја изневерил

од Nikola Popovski

Оскаровката Натали Портман и нејзиниот сопруг танчер Бенџамин Милпје, наводно, ставиле крај на својот 11-годишен брак по гласините дека имал афера со активистката за климатски промени Камил Етјен.

Откако се појавија вестите за неговата афера, тие се обидуваа да поработат на нивниот брак, но изгледа дека не успеаја, изјавил извор за „US Weekly“.

Натали Портман (42) била видена во Сиднеј на 4 август без венчалниот прстен и покрај тоа што им била годишнина од бракот.

Разводот доаѓа само два месеци откако француското списание „Voici“ објави слики на Милпје (46) и Етјен како се состануваат во неговата канцеларија, а потоа заминуваат во растојание од само 10 минути.

Во тоа време, Портман наводно знаела за неверството на нејзиниот сопруг и двајцата се бореле да го спасат бракот.

Портман и Милпје се запознале на снимањето на оскаровскиот филм „The Swan“ во 2009 година, во кој Портман глумела, а Милпје работел на кореографијата.

Во 2011 година го добија синот Алеф, а една година подоцна се венчаа на раскошна церемонија на брегот на океанот во Калифорнија.

Во 2017 година, парот доби второ дете, ќерката Амалија.

Слични содржини