Научниците потврдија: Ова се симптоми кои се појавуваат ден пред срцев удар

од Stefanija Kuzmanovska

Новото истражување открива дека 50 отсто од срцевите пациенти имаат еден симптом ден пред да доживеат срцев удар.

Според научниците од Институтот „Смит Харт“ во центарот „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, жените и мажите често доживуваат предупредувачки знак за претстојната, а понекогаш и фатална здравствена криза.

Жените генерално чувствуваат отежнато дишење, додека мажите чувствуваат болка во градите, според истражувачите кои ги објавија своите наоди во списанието Lancet Digital Health. Други, поретки предупредувачки знаци што ги доживуваат двата пола вклучуваат напади и абнормално потење.

„Ова сознание може да доведе до рана интервенција и превенција од смрт. Нашето откритие може да доведе до нова парадигма за спречување на ненадејна срцева смрт“, рече водечкиот автор на студијата Самет Чунг.

Истражувањето користело податоци од две студии за срцеви застоји во Калифорнија и Орегон, во кои биле вклучени пациенти на возраст од 18 до 65 години. Истражувачите испитувале и луѓе кои имале слични симптоми, но не доживеале срцев удар.

„Пациентите кои ќе забележат предупредувачки знак и ќе повикаат брза помош пред да колабираат поради ненадеен срцев удар имаат пет пати поголеми шанси да преживеат“, велат научниците.

Слични содржини