Научник демонстрира колку маската навистина е ефикасна (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Сè уште има оние кои не се убедени дека носењето маска штити од вируси, па научниците решија да им илустрираат преку едноставен експеримент колку навистина е ефективна маската.

Д-р Рич Дејвис ги покажа резултатите од двата експеримента на Твитер, кои добро покажуваат како маската ги блокира капките од устата и грлото кога киваме, пееме, зборуваме, кашламе.

Токму тоа го стори Дејвис по тој редослед – прво без маска, а потоа и со маска. Се покажа дека бактериите најмногу се шират кога киваме или кашламе, помалку кога пееме или разговараме, но маската успеа да ги запре целосно во секој од случаите.

 

Во вториот тест, Дејвис се занимаваше и со далечина. Кашлаше на одредено растојание, прво со маска, а потоа и без неа, и набљудуваше во кој лабораториски сад ќе се развиваат бактериите.

Се покажа дека без маска, ако некое лице кашла (дури и само 15 секунди), вие сте безбедни оддалечени само околу два метра, додека со маска нема опасност дури и на кратко растојание.

„Свесен сум дека овој пример не го покажува ширењето на вирусот, но колониите на нормални бактерии од устата и грлото покажуваат големи респираторни капки, како што се оние за кои се верува дека најмногу ги шири ковид 19, и како маската ги блокира“, рече Рич Дејвис, чиј експеримент привлече големо внимание токму затоа што едноставно укажува на важноста на носење заштитна маска во актуелната состојба.

Слични содржини