Наумоски и Бочварски едногласни: Опозицијата да го одблокира Законот за изградба на Клинички центар

Во своето обраќање денес до јавноста, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беше согласен со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски околу тоа дека опозицијата треба да го одблокира носењето на законот за новиот Клинички центар во Собранието.

„Апелирам уште еднаш и до Собранието, до пратениците, до опозицијата да не го блокираат градењето на Клиничкиот центар којшто е многу значаен објект за Скопје, но и за целата држава“, посочи министерот Бочварски.

На средбата со Наумоски, тој посочи дека се разговарало за инфраструктурни прашања и проблеми, со акцент на Клиничкиот ценатар кој треба да се гради во општина Ѓорче Петров.

„Тоа е најзначаен проект за државата и многу е важно да се реализира. За реализација на проектот вклучени се многу институции коишто работат на решавање на овој голем проблем или прашање кое треба да се реши во идниот период“, истакна Бочварски.

Истовремено, ваквиот апел го испрати и градоначалникот на Ѓорче Петров. Наумоски.

„Упатуваме апел до Собранието, да се одблокира законот, за Ѓорче Петров да го види благодатот од најголемата историска гринфилд инвестиција од самото постоење на државата“, потенцираше Наумовски.

Инаку за потсетување, Законот за изградба на нов Клинички центар беше блокиран во Собрание со поднесување на 2000 амандмани од страна на опозицијата.

Слични содржини