Наумовски кон Мицкоски: Зад нашиот мандат сведочaт трло на реализирани проекти

од Берта Китинска

Поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски на својот Фејсбук профил објави демант по повод изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, искажани во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

-Зад нашиот четири годишен мандат заедно со Советот, сведочи трло на реализирани проекти.

Христијан Мицкоски може да ги види уште денеска, затоа што живее на стотина метри од нив.

Нова градинка и спортска сала во Волково; Корзото и затворениот базен во Ѓорче Петров; доградбите на училиштата во Хром и Ново село; поставени водоводни, атмосферски и канализациски мрежи; асфалтирани и поплочени улици во секое населено место; нов модерен кружен тек во Волково и пат кон Кучково; ново модерно ЛЕД осветлување низ целата општина. Оставени уште 20 тековни проекти, се дел од нашиот влог за наше Ѓорче.

Според анализите и вложени средства, во последните 15 години не е вложено колку за последните 4 години.

Срамно е што лидер на најголемата опозициска партија, јавно изнесува паушални тврдења, со ниско ниво на комуникација. Истиот гази на теписи и мермери во белата палата со кои можеше сето горе наведено да се направи во наше Ѓорче. И да носи одела од 1000 евра.

Ручеци, репрезентации имало отсекогаш и ќе има, кога на гости доаѓаат домашни и странски делегации на работни средби кај Градоначалникот и Советот.

Во Ѓорче и Скопје се знае се, сите знаат дека за сопствени потреби никогаш не сум трошел народни пари, туку исклучиво мои лични средства, а секој има право своите пари да ги троши онаму каде што сака. Евидентно е намалувањето на тековните трошоци во нашиот мандат по сите основи.

За жал, тоа не е случај со 12 годишниот период на владеење на ДПМНЕ кога за еден ручек се трошеле и по 10.000 евра народни пари, кога Ѓорче тонеше и беше запоставено а парите на граѓаните се трошеа на непродуктивни трошоци, пишува поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров.

 

Слични содржини