Навални: 100 дена по ред пред мојата ќелија го пуштаат ИСТИОТ ГОВОР НА ПУТИН

од Stefanija Kuzmanovska

Уапсениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални, се пожали дека бил принуден да го слуша истиот говор на Путин повеќе од 100 дена по ред.

Станува збор за говорот на Путин од февруари годинава, кој трае еден час и 46 минути, а се пушта секој ден пред неговата ќелија, пишува Sky News.

По повод 100-тиот ден од емитувањето на говорот на Путин, Навални објави дека му било кажано дека ќе мора да го слуша говорот во текот на 2023 година.

„Кога Путин ќе го одржи следното годишно обраќање, ќе почнат да ни го пуштаат тоа“, рече Навални.

Во овогодинешното обраќање пред Федералното собрание во Москва, Путин рече дека специјалната воена операција, како што Русија ја нарекува војната во Украина, била спроведена за да се елиминира заканата од неонацистичкиот режим.

Слични содржини