НБА ас излезе од затвор (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Минесота Тимбервулфс, Малик Бизли излезе од затвор по нешто помалку од три месеци поминати зад решетки.

Асот на НБА беше во затвор откако во декември минатата година им се закануваше со пушка на минувачи пред неговата куќа.

Имено, во тој момент во неговиот двор влегле луѓе кои мислеле дека куќата се продава, а тој веднаш извадил пушка, ја вперил во нив и им се заканувал.

Бизли првично беше осуден на цели четири месеци затвор, но беше ослободен по 78 дена поради добро однесување.

Слични содржини