Не е лесно да ги измамите: Овие ХОРОСКОПСКИ знаци имаат голема интуиција

од Берта Китинска

Овие три хороскопски знаци имаат поразвиена интуиција од останатите. Тие можат да го прочитаат секој соговорник за 3 секунди, ништо не пропуштаат, а ако се обидете да ги измамите, ќе  направивте голема грешка.

Рибите сакаат да го испланираат секој настан до детали и на тој начин предизвикуваат некои ситуации во својот живот. Тие знаат да почувствуваат кога е вистинско време да тргнат во акција и кога е вистинско време да дадат се’ од себе за да стигнат до целта. Нивното мото е „Чувствувам-значи постојам“. Родените во знакот Риби најчесто се водат според своето внатрешно чувство и ретко кога грешат.

Способноста на Скорпиите да ги читаат другите луѓе е неверојатна. Тие силно го чувствуваат и длабоко го доживуваат сето она што се случува околу нив, па тешко е да ги надмудрите. Припадниците на овој знак суптилно ги забележуваат вибрациите што ги испраќаат луѓето околу нив. Способноста за предвидување на иднината е нивно хоби, но честопати и тие самите намерно ги игнорираат знаците и ризикуваат. Повеќе сакаат возбуда и непредвидливи ситуации, па затоа често одбираат да ја игнорираат интуицијата.

Стрелецот исто така е надарен со вродено шесто сетило, но прашање е дали е подготвен да работи на себе. Интуицијата ги предупредува Стрелците не само во случај на опасност, туку и кога имаат можност да искористат нешто, но честопати имаат проблеми да ги протолкуваат тие сигнали.

Слични содржини