Не постои начин од Македонец да направиш Бугарин, порача Пендаровски

од Nikola Popovski

Апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин. Тоа се два различни идентитетски кодови, два различни народи со своја специфична етногенеза. Во историјата нема пример со договор да биде сменето националното чувство на еден народ, рече шефот на државата Стево Пендаровски во своето редовно годишно обраќање пред пратениците во Парламентот, коментирајќи го модифицираниот француски предлог-преговарачка рамка на Северна Македонија со ЕУ.

Пендаровски додаде дека „одбива да поверува дека политичка цел или приоритет на францускиот претседател или германскиот канцелар им е практично да го обезличат македонскиот народ, за како Бугари да не внесат во Унијата“.

-Со протестите во летниот период беше создадена атмосфера на жестоки политички тензии во земјата и перцепција во дел од јавноста дека тоа е судбинска дилема да се биде или не за нацијата и државата и дека наводно носиме одлука која ќе ја дефинира судбината на идните генерации Македонци и македонски граѓани, нагласи Пендаровски од Парламентот.

 

Слични содржини