Недела неработен ден за сите билетарници на ЈСП

од Radmila Tasevska

Од ЈСП Скопје информираат дека од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.

Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на Фејсбук страницата на ЈСП Скопје.

Слични содржини