Неделков: Постојано се прават реформи кои се избрзани и непромислени

Во своето гостување во Студио 10, претседателот на СОНК, Јаким Неделков излезе со своја реакција во рамки на укинувањето на предметото историја во основното образование и вметнување заедно со географија и граѓанско образование во еден предмент, насловен како општествени науки.

„Беше најавена јавна расправа, каде секој наставник ќе може да даде свој придонес во изготвување на програмата. Јас имав презентација на овој наставен план. Но недоволно ќе биде се, освен ако засегнатите страни не бидат вклучени во секој процес. Има загриженост кај одредена група на наставници. Тоа е исто и кај музичките наставици кои имаат мал број фонд на часови. Не можам да изнесам детална анализа, бидејќи во моментов се прави истото од страна на СОНК. Постојано се прават реформи кои се избрзани и несоодветни. Поради просторните капацитети, изготвувањето на распоредот на часовите кое го сметам како голем проблем, сметам дека е рано да се изјави јавно дека по секоја цена овој наставен план ќе почне со реализација на 1.септември 2021.година“, истакна Неделков.

Слични содржини