Нема болни од Ковид: Ова е единствениот македонски град без позитивни лица

од Берта Китинска

Од почетокот на епидемијата досега во овој град се регистррани 20 случаи.

Во Крушево во моментов нема активни случаи на ковид-19.Според податоците на министерството за здравство ново жариште е Струмица каде во моментов се активни 357 случаи. По вој град на листата со зголемен број активни случаи се Тетово, Куманово,Прилеп и Кочани.

Од понеделник пак, парламенот ќе гласа за досега предложениет мерки, меѓу нив и задолжително носење маска на отворено.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Посочи дека за кратко време се очекува и законот по скратена постапка да се реализира, со цел да се донесат новите мерки, кои ги предлага Комисија за заразни болести, а со цел да не се шири коронавирусот меѓу населението.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266.

 

 

 

Слични содржини